10-годишната Бријана Венс му го спасила животот на својот татко кој бил под урнатини, барајќи помош на социјалната мрежа „Фејсбук“.
Во текот на страшното невреме, гром го урнал дрвото во нејзиниот двор кое паднало врз нејзиниот татко Грегориј кој во моментот седел надвор со пријатели. Поради силниот ветер и дождот, телефонските сигнали биле блокирани. Паметното девојче се сетило како да му помогне на татка си. Таа плачејќи побарала помош на Фејсбук.
– Гром удри во дрво во нашиот двор, татко ми е под него со пријателите и речиси е мртов. Ве молам јавете се во Брза помош ако имате сигнал. Живееме во жолта куќа – објавила Брајана.
Наскоро стигнало возило на Брза помош кое го спасило и однело нејзиниот татко во болница.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.