| четврток, 6 декември 2018 |

Јелена Јованова: Сакам брак и три деца

Хрватската серија „Тајни“ во која за првпат главната улога му припадна на македонска актерка, веќе започна со емитување на „Алфа“ телевизија. Јелена Јованова во моментот е ангажирана во својата матична куќа, Македонскиот народен театар, но постојано е на релација Скопје-Загреб, каде за време на снимањето на серијата, започна врска со нејзиниот колега Стјепан Периќ.

– Кога дојдов во Загреб, знаев дека снимањето на серијата не ја чини целата сложувалка. Се чини, тој беше делот што недостига таа да стане комплетна – вели Јелена во интервју за „Дневник“.

Јелена открива дека е подготвена за следниот предизвик во нејзиниот живот, брак, семејство, деца.

– Брак, зошто да не. Тројка? Зошто да не. Велат на едно му е досадно, две се караат чие ќе е, а третиот доаѓа за да избалансира. Желбата е тука, а како ќе биде, ќе видиме – вели таа.

Во Загреб се вљубиле и нејините родители.

Ако секој од нас ја завршува приказната на своите родители, јас во Загреб сигурно се надоврзав на нивната и започнав една моја, поинаква. Никогаш не мислев дека ќе се вратам таму од каде што тие тргнале и уште помалку дека таму и ќе љубам. Верувам, Евреите биле во право кога од својот речник го извадиле зборот случајно – вели Јелена.

Целото интервју може да го прочитате тука.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top