
Телевизорот во спалната соба сепак не е лош за сексуалниот живот, утврди студијата на британската фирма VoucherCodesPro.co.uk. Двојките што во собата имаат ТВ имаат секс двојно почесто од оние што го немаат, пишува „Дејли мејл“.
Речиси 67 % од нив тврдат дека телевизијата им го подобрила сексот и уште повеќе ги зближила. Една третина заедно гледаат еротски филмови и пронаоѓаат инспирација, а некои од нив користат здодевна програма за да го наведат партнерот на секс. 32% од испитаните изјавиле дека телевизијата им претставува предност затоа што истовремено можат да уживаат во жешки игри со партнерот, а да не ја пропуштат омилената емисија.
Речиси половина од луѓето за време на сексот гледале телевизија, потврди истражувањето.
Речиси 74 % од луѓето во спалната соба имаат ТВ, а оние што го немаат признаваат дека го посакуваат. Речиси 48 од нив сакаат ТВ, но партнерот не им дозволува.
“Иако е поздраво ТВ-от да биде во дневната соба, а спалната да се користи како засолниште од стрес и место за одмор, изгледа дека гледањето филмови може многу да ја разгори страста во постелата. Затоа, иако помалку изненадувачки, резултатите од истражувањето всушност и не се толку необични“, истакнуваат од фирмата VoucherCodesPro.co.uk.
Извор: 24sata.hr
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


