| четврток, 6 декември 2018 |

Лоши навики поради кои изгледате многу постари

Сите сакаме да бидеме здрави и да изгледаме убаво и младолико. Но постојат одредени навики кои често ги применуваме не слутејќи колку и штетат на нашата кожа. Применете ги овие неколку правила и подмладете се

old-young-face

Пиете со сламка

Ако члесто пиете со сламка, тоа може да придонесе за создавање брчки. Кожата околу усните се напрегнува, па брчките од двете страни на усните се продлабочуваат.

Изложување на сонце без заштитна крема

Нанесувањето крем со заштитен фактор би требало да биде на врвот на листата на вашите приоритети, па дури и ако излегувате само накратко, колку да го прошетате миленикот. Имено, само 5 до 10 минути дневно изложување на сонце без заштита може да ѝ нанесе на вашата кожа голема штета, како забрзано стареење или рак на кожа.

Претерано чистење на лицето

Чистата кожа е убава, но пречестото миење не е ефикасно против стареењето. Водата и агресивните состојки во некои производи што ги користите за чистење на лицето може да го спречат или да го намалат создавањето на вашите природни масла кои ја одржуваат кожата хидратантна. Доколку имате сува кожа, измијте го лицето само еднаш и тоа навечер, а потоа нанесете ноќен крем. Ако имате мрсна или мешовита кожа, измијте се наутро и навечер, а притоа користете благо средство за чистење.

Главата горе

Колку често се фаќате себеси како на работната маса седите со брадата потпрена на раце? Ако е тоа често, болката во грбот и вратот не се единствената причина за да почнете да седите исправено. Таквото затегнување на вратот ја растегнува кожата и создава брчки. Еднаква или полоша штета може да направи гледањето надолу додека пишувате пораки или нешто читате на мобилниот телефон.

Нередовно или воопшто не вежбате

Вежбањето го подобрува дотокот на крв во кожата и таа станува поубава и поздрава. Американските стручњаци препорачуваат минимум 30 минути вежбање со умерен интензитет најмалку пет дена во неделата или 25 минути интензивна аеробна активност најмалку три дена неделно. Тоа е добро за целокупното здравје на организмот, а ќе се одрази и врз вашата кожа. Сѐ е прифатливо – од јога до трчање затоа што вашиот здрав кардиоваскуларен систем ќе има позитивен ефект и на вашата кожа.

Извор: Убавина и здравје

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top