Раководителот на ЈПКД „Брегалница“ од Делчево В.Ц., вчера бил нападнат од двајца делчевчани. 56-годишниот В.Ц. вчера, во службената просторија на ЈПКД „Брегалница“ бил физички нападнат од З.Н.(55) и А.Н.(30). од Делчево.
Од физичкиот напад В.Ц. и З.Н. се здобиле со телесни повреди констатирани во Здравствен дом Делчево.
Од страна на СВР Штип се преземаат мерки и активности за расчистување на случајот, по целосно документирање ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.