Русија и Србија ги потврдија досега постигнатите договори во врска со гасоводот „Јужен тек“ и потребата проектот да биде реализиран, изјави рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, кој е во посета на Белград.
– Сите досега донесени одлуки остануваат во сила. Нема никакви промени во плановите – истакна Лавров на заедничката прес-конференција со првиот српски заменик-премиер и министер за надворешни работи Ивица Дачиќ.
Лавров додаде дека нема сомнение дека прекинот на проектот е привремен.
– „Јужен тек“ е единственото системско решение на проблемот со снабдувањето со гас на Југоисточна Европа – рече Лавров.
– Србија, која од почетокот на 2015 година ќе претседава со Организацијата за безбедност и соработка во Европа ќе вложи максимални напори за решавање на кризата во Украина – изјави од своја страна Дачиќ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.