| четврток, 6 декември 2018 |

И министерот Миле Јанакиески дел од првата бродска тура до Подградец

Првиот брод од Охрид до Поградец, соседна Албанија заплови денеска претпладне од градското пристаниште во Охрид. Со ова,официјално стартува бродската линија Охрид – Поградец што за прв пат се воспоставува помеѓу Република Македонија и Република Албанија.

14788golema

На овој многу значаен настан за двете земји, му претходеше културно-уметничка програма на охридското пристаниште. Првиот брод во Албанија ќе го пречека албанскиот министер за транспорт и инфраструктура Едмонд Хаџинасто.

Бродската чартер линија која ќе сообраќа од Охрид до  Поградец во Албанија, се воспоставува со цел во текот на летната туристичка сезона по воден пат да се превезуваат туристи во двете земји.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top