| четврток, 6 декември 2018 |

Притвор за млада скопска дилерка на екстази, амфитамини, трип…

СВР Скопје-Единица за недозволена трговија со дрога, со кривична пријава до надлежното Основно јавно обвинителство во Скопје ја предаде И.В. (24) од Скопје, поради основано сомневање дека сторила кривично дело неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори.

За стореното кривично дело на пријавената и е одредена мерка притвор во траење од 30 денови.

Единицата за недозволена трговија со дрога, по добиеното сознание дека И.В., која во 2012 година била условно осудена за недозволена трговија со марихуана, набавува и продава синтетички дроги на подрачјето на градот, превзеде соодветни мерки и активности за обезбедување на материјални докази. Притоа е дојдено до оперативен податок дека пријавената во текот на минатиот месец, од засега непознато лице набавила поголема количина на синтетички дроги, кои ги препакувала за улична продажба и на однапред договорени места, како и на техно забави низ градот ги продавала на зависници.

Постапувајќи по добиените сознанија, како и по ОА „Мрежа“, а во консултација со Судија од претходна постапка, на на крајот од минатата недела Единицата за недозволена трговија со дрога, превзеде оперативни мерки и активности на Градската плажа каде се одржуваше техно забава. Притоа пријавената е забележана на забавата и врз истата е направен личен претрес, при што се пронајдени 118 таблети ексатази со лого „супермен“ и ,,мерцедес“, три полиетеленски паковки (1,8 грама) амфетамин  и девет картонски парченца 25I-NBOMe – синтетичка дрога, која кај зависниците позната како „трип“ – дрога која е со изразено халуцигено дејство и се наоѓа на листата 1 на контролирани психотропни суптанци. И.В. е лишена од слобода, а запленетата синтетичката дрога е предадена за вештачење.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top