Хрватското министерство за земјоделство од утре по иста цена ќе го откупува млекото од фармерите од кои млечната индустрија ја прекинаа соработката заради афлатоксинот. Млекото, јавува хрватскиот јавен сервис, ќе користи во биопогоните за произведување на енергија. Исто така заразената сточна храна по поволни услови ја заменува со здрава. Заради токсинот Дукат, Виндија и Мегле привремено престанаа со откуп на млеко од 180 фарми.
Фармерите се заканија со масовни демонстрации ако не се сопре „уништувањето на домашното производство“. Властите во Загреб застанаа зад фармерите додавајќи дека млечната индустрија не информирала ниту за одлуките, ниту за резултатите од анализите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


