| четврток, 6 декември 2018 |

Маја Ангелоу – првата Афроамерикaнка што напиша бестселер

ЗАМИНА ЕДЕН ОД НАЈВАЖНИТЕ ЛИКОВИ ВО АМЕРИКАНСКАТА КНИЖЕВНОСТ

Се­стра­на­та аме­ри­кан­ска автор­ка и по­е­те­са, ка­ко и бо­рец за чо­ве­ко­ви пра­ва Ма­ја Ан­ге­лоу по­чи­на во 86. го­ди­на од жи­во­тот и за по­но­ви­те ге­не­ра­ции ќе оста­не за­па­ме­те­на ка­ко по­е­те­са­та што бе­ше из­бра­на да чи­та по­е­зи­ја на пр­ва­та ина­у­гу­ра­ци­ја на пре­тсе­да­те­лот на САД, Бил Клин­тон во 1993 го­ди­на. Ан­ге­лоу то­гаш ја на­пи­ша и ја про­чи­та ори­ги­нал­на­та пес­на „На пул­сот на утро­то“ што се про­да­де во ми­ли­он­ски ти­раж. Пос­ле­ден пат по­е­зи­ја се чи­та­ше пред Бе­ла­та ку­ќа ко­га Џон Ке­не­ди во 1961 го­ди­на бе­ше ина­у­гу­ри­ран во пре­тсе­да­тел на САД.

Таа до­би го­ле­ми приз­на­ни­ја за пр­ва­та кни­га, неј­зи­на­та авто­би­о­гра­фи­ја „Знам зо­што за­ро­бе­на­та пти­ца пее“ со што ста­на пр­ва­та Афро­а­ме­ри­кан­ка што на­пи­ша­ла бес­тсе­лер. Ан­ге­лоу се из­диг­на од си­ро­ма­шти­ја­та, изо­ла­ци­ја­та и на­силс­тво­то и ста­на го­ле­ма си­ла на сце­на­та, ТВ-екра­ни­те и во пи­ша­ни­от збор. Во 1998 го­ди­на го ре­жи­ра­ше фил­мот „Низ Дел­та­та“ за ед­на за­вис­нич­ка од дро­га, ко­ја се вра­ќа во до­мот на сво­и­те пред­ци во Ми­си­си­пи. Ан­ге­лоу бе­ше мен­тор на ТВ-ѕвез­да­та Опра Вин­фри, со ко­ја се спри­ја­те­ли до­де­ка таа бе­ше ло­ка­лен те­ле­ви­зи­ски но­ви­нар, а че­сто го­сту­ва­ше и во неј­зи­ни­те еми­сии. Таа бе­ше ед­на од пр­ви­те Афро­а­ме­ри­кан­ки што бе­ше ус­пеш­на во ре­чи­си се­кој умет­нич­ки ме­ди­ум.

За неа мо­же да се ка­же де­ка е ед­на од нај­важ­ни­те ли­ко­ви во аме­ри­кан­ска­та кни­жев­ност во пос­лед­ни­те пе­де­сет го­ди­ни. Отка­ко свет­ска­та сла­ва ја здо­би со пр­ва­та авто­би­о­граф­ска кни­га, ко­ја ја из­да­де во 1969 го­ди­на, сле­ду­ваа уште шест авто­би­о­гра­фии, три кни­ги есеи и мно­гу­број­ни кни­ги по­е­зи­ја. Пре­да­ва­ше на Уни­вер­зи­те­тот во Се­вер­на Ка­ро­ли­на, на ка­те­дра­та за аме­ри­кан­ски сту­дии. Освен што пи­шу­ва­ше, таа бе­ше и актер­ка, ре­жи­сер­ка и про­ду­цен­тка на мно­гу­број­ни те­ле­ви­зи­ски еми­сии. Ан­ге­лоу бе­ше глас­но­го­вор­ник на мар­ги­на­ли­зи­ра­ни­те Афро­а­ме­ри­кан­ци, по­себ­но на же­ни­те, а во дви­же­ње­то за чо­ве­ко­ви пра­ва во САД ра­бо­те­ше за­ед­но со Мар­тин Лу­тер Кинг и со Мал­ком Икс. Ко­га Нел­сон Ман­де­ла бе­ше име­ну­ван за пре­тсе­да­тел на Јуж­но­а­фри­кан­ска­та Ре­пуб­ли­ка, исто та­ка, се чи­та­ше неј­зи­на­та по­е­зи­ја.

Ан­ге­лоу и са­ма­та до­бро зна­е­ла што зна­чи те­жок жи­вот. Но, неј­зин за­шти­тен знак оста­на нас­ме­вка­та. Неј­зи­ни­те кни­ги ги са­ка­ат Опра Вин­фри, Ле­ни Кра­виц, Би­јон­се и мно­гу дру­ги ѕвез­ди.

maya-angelou (1)

Без сом­не­ние, за­ми­на ед­на од нај­инс­пи­ра­тив­ни­те же­ни во све­тот, ко­ја има­ше остар ум, не­по­ко­леб­лив дух и си­ла.

Во пр­ва­та авто­би­о­граф­ска кни­га Ан­ге­лоу рас­ка­жу­ва за уг­не­ту­ва­ња­та на афри­кан­ски­от на­род во аме­ри­кан­ски­от Југ во три­е­сет­ти­те го­ди­ни на два­е­сет­ти­от век. Таа е ро­де­на ка­ко Мар­ге­рет Ен Џон­сон во 1928 го­ди­на и на се­дум го­ди­ни би­ла си­лу­ва­на од парт­не­рот на неј­зи­на­та мај­ка. Сто­ри­те­лот бил уби­ен уште пред да оти­де во за­твор за тоа што го сто­рил.

– Мис­лев де­ка го убив со мо­јот глас. За­тоа сме­тав де­ка е по­ум­но да не го­во­рам. Са­мо мол­чев – се се­ќа­ва­ше Ан­ге­лоу по­доц­на. Таа оне­ме­ла по овој на­стан, а гла­сот ѝ се вра­тил по пет го­ди­ни.

Жи­во­тот ѝ бил те­жок. Ра­бо­те­ла сѐ и се­што – би­ла тан­чар­ка, пе­јач­ка, кел­нер­ка, ду­ри и ма­дам во бор­дел, но и пр­ви­от црн во­зач на трам­вај во Сан Фран­ци­ско. Ве­ќе на 17 го­ди­ни го ро­ди­ла пр­ви­от син.

Неј­зи­ни­от прв ро­ман две го­ди­ни бе­ше на ли­ста­та на нај­про­да­ва­ни кни­ги во САД. Во сво­ја­та ка­ри­е­ра Ан­ге­лоу има осво­е­но три на­гра­ди „Гре­ми“. Во 1977 го­ди­на бе­ше но­ми­ни­ра­на и за на­гра­да­та „Еми“ за неј­зи­на­та уло­га во те­ле­ви­зи­ска­та ми­ни-се­ри­ја „Ко­ре­ни“.

Иа­ко Ан­ге­лоу пи­шу­ва­ше за сво­јот жи­вот, таа се­ко­гаш мно­гу вни­ма­тел­но го чу­ва­ше сво­јот при­ва­тен жи­вот. По два раз­во­да, не са­ка­ше јав­но да збо­ру­ва за сво­ја­та го­ле­ма љу­бов, еден Јуж­но­а­фри­ка­нец, поз­нат бо­рец за сло­бо­да со ко­го ни­ко­гаш не би­ла во брак. Во по­че­то­кот на ше­е­сет­ти­те го­ди­ни на ми­на­ти­от век тие за­ед­но жи­ве­е­ле во Еги­пет, ка­де што таа ра­бо­те­ла ка­ко но­ви­нар­ка.

„Тој бе­ше чо­век кој ми го рас­ки­на ср­це­то во гра­ди­те и по­тоа хра­бро го но­се­ше ка­ко епо­ле­та. Јас го обо­жа­вав“ на­пи­ша таа во ед­на пес­на по­све­те­на на неј­зи­на­та го­ле­ма љу­бов. Име­то на чо­ве­кот што бе­ше љу­бо­вта на неј­зи­ни­от жи­вот, спо­ред неа, не бе­ше важ­но.

Знам де­ка жи­ве­е­ме во свет што са­ка сѐ да знае. Би­де­те си­гур­ни де­ка си­те ве­лат де­ка ја го­во­рот ви­сти­на­та, но не ка­жу­ва­ат сѐ – ве­ле­ше Ан­ге­лоу.

Спо­ред кри­ти­ча­ри­те, неј­зи­на­та про­за има по­го­ле­ма ли­те­ра­тур­на вред­ност од неј­зи­на­та по­е­зи­ја, иа­ко на ор­га­ни­зи­ра­ни­те ли­те­ра­тур­ни ве­че­ри таа се­ко­гаш ус­пе­ва­ше да прив­ле­че го­лем број слу­ша­те­ли. Не­кои неј­зи­ни­от прв ро­ман „Знам зо­што за­ро­бе­на­та пти­ца пее“ го на­па­ѓаа и ве­леа де­ка ста­ну­ва збор за „ма­ни­пу­ла­тив­на ме­ло­дра­ма“ би­деј­ќи со­др­жи де­ло­ви за си­лу­ва­ње и за не­са­ка­на бре­ме­ност кај ти­неј­џе­ри­те. Аме­ри­кан­ско­то биб­ли­о­те­кар­ско здру­же­ние уште до­би­ва поп­ла­ки и ба­ра­ња таа кни­га да би­де трг­на­та од по­ли­ци­те.

Мис­лам де­ка мно­гу бла­го се опи­ша­ни си­те на­ста­ни. Во кни­га­та не­ма ни­што вул­гар­но. Из­не­на­де­на сум што не­кои са­ка­ат да ја за­бра­нат – из­ја­ви Ан­ге­лоу.

Д-р Ма­ја Ан­ге­лоу по­чи­на ти­вко, на 28 мај 2014 го­ди­на, во неј­зи­ни­от дом. Таа жи­ве­е­ше ка­ко на­став­ник, акти­вист, умет­ник и чо­век. Таа бе­ше во­ин за ед­на­квост, то­ле­ран­ци­ја и мир. „Бла­го­дар­ни сме за вре­ме­то по­ми­на­то со неа и за љу­бо­вта што ни ја да­ри и ја ши­ре­ше око­лу нас“, на­пи­ша неј­зи­но­то се­мејс­тво по смрт­та.

Разговараше: Александра м. Бундалевска

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top