| четврток, 6 декември 2018 |

Шестиот ден од циклусот – совршен ден за сексуално експериментирање

Couple_in_bed_with_1610852a

Од 1. до 5. ден од циклусот

Во првите денови е зголемено нивото на хормонот естроген што го одредува расположението. Почетокот на менструацијата на многу жени им е големо олеснување бидејќи тогаш завршува фазата на тромавост и раздразливост. Ако менструацијата е болна, допирите на партнерот можат да ги ублажат. Ако одите понатаму и жената доживее оргазам, нејзиното тело ќе ослободи ендорфин, хормон на среќата, кој, исто така, ги ублажува болките.

Од 6. до 8. ден од циклусот

Ова се совршени денови за експериментирање. По завршувањето на менструацијата, самодовербата на жената е на врвот. Тоа се смета како идеално време да го надополните сето она што сте го пропуштиле додека сте имале менструација.

Од 9. до 14. ден на циклусот

Познато е дека во ова време телото се подготвува за овулација. Хормонот естроген доаѓа до врвот, а жената се чувствува мошне заводливо. Токму ова време се смета за идеално за водење љубов.

Од 15. до 19. ден од циклусот 

По овулацијата, желбата за секс станува сè помала. Тоа е нормална појава бидејќи токму во овие денови доаѓа до паѓање на естрогенот, а со самото тоа и на доброто расположение. Тоа е време кога на жената повеќе ѝ одговара галење бидејќи едноставно не се чувствува толку привлечно.

Од 20. до 28. ден од циклусот

Токму тоа време се смета за најнезгодно. Тоа е време кога речиси секоја жена се чувствува нервозно и пред сè депресивно. Желбата за секс практично и не постои. Но, добро е што оваа фаза не е вечна.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top