1. Мажите имаат повеќе партнерки од жените
Истражувањето покажа дека мажите имаат повеќе сексуални партнерки од жените, што можеше и да се претпостави. Единствен исклучок е Мексико, каде мажите имаат само шест партнерки во животот, а Мексиканките имаат дури по 14, што е и повеќе од која било друга земја опфатена со истражувањето.
2. Само 15 % од Јапонците се задоволни од сексуалниот живот
Во просек Јапонците имаат секс само 48 пати годишно, поради што и не нè зачудува тоа што само 15 % од нив се задоволни од својот сексуален живот. Како да бидат задоволни кога водат љубов во просек на секои 7,6 дена.
3. Просечен Американец губи невиност на 18,4 години
Верските и културолошките обичаи мошне влијаат на возраста на која младиот човек започнува со сексуалниот живот. Најрано, односно на 17,3 години во односи стапуваат Бразилците, а по нив се Германците на 17,8 години. По нив се младите во Сингапур и Индија за 22 и на 22.5 години. Просекот на 13 земји што учествувале во истражувањето изнесува 19,3 години.
4. Само четвртина од Французите се задоволни
Иако Франција е позната по романтиката, а Французите како сензуални љубовници, само една четвртина од нив се задоволни од сексуалниот живот.
5. Во просек Индијките имаат само еден сексуален партнер
Од жените во Индија се очекува да бидат невини до стапувањето во брак. Интересно е што еден Индиец има во просек шест партнерки.
6. Мексиканците најмногу поминуваат време в кревет
Просечен Мексиканец води љубов 22,1 минути, што е изненадувачко бидејќи се подобри и од Бразилците (21,4 минути).
7. Бразилците се сексаат најмногу од сите
Сигурно е важен и квалитетот, но кога се бројките во прашање, Бразилците ги надминуваат сите останати. Тие имаат секс 145 пати годишно, што е трипати овеќе од Јапонците, кои тоа го прават најретко.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.