Предјадење Држете се со партнерот за раце 10 мин., а потоа гушкајте се 30 секунди. Тоа го снижува притисокот, опушта и го намалува стресот, бидејќи на тој начин ќе го натерате телото да помисли дека сте воделе љубов.
Оброк во кревет Мажите и жените се различни суштества, кои на различен начин доживуваат исти работи, нели?! Е, па не е така кога станува збор за оргазмот. Ако ги мериме основните параметри – пулс, крвен притисок и ритамот на дишење – машкиот и женскиот оргазам се речиси идентични. Значи, фатете го ритамот на неговиот оргазам и проверете дали и вашиот ќе стане посилен поради тоа.
Брзи залачиња Сакате да ги придвижите нештата? Истражувањата покажуваат дека сексуално поасертивни жени почесто водат љубов и доживуваат оргазми. Затоа, следен пат кога со партнерот ќе тргнете некаде, турнете го на кревет и иницирајте брз секс.
Излегување Кога ќе заврне, избегнете кое било превозно средство и пешки враќајте се дома со партнерот, често застанувајќи и бакнувајќи се на дождот. Сите ќе бидат зафатени со барање засолниште, така што никој нема да ве забележи. Ќе се чувствувате како да сте во романтичен филм.
Декадентен десерт Заборавете го чоколадниот сируп. Наместо тоа, додајте малку ванила и цимет во лубрикантот што го користите. Така не само што ќе користите едни од најсилните афродизијаци туку ќе ја задоволите и потребата за слатко.
Ужина во кое било време Медитирајте. Холандските научници откриле дека отсуство на анксиозни чувства и состојба на опуштеност се од есенцијално значење жената да доживее оргазам. Затоа, дознајте што ве опушта – медитација, читање – и редовно применувајте го тоа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.