| четврток, 6 декември 2018 |

„Види музика, слушни слика, добиј книга“ на 19 јуни во Градски парк

Мултимедијалниот спектакл „Види музика, слушни слика, добиј книга“ оваа година ќе се одржи по седми пат на 19 јуни со почеток во 21 часот во Градски парк. Настанот го организираат Македонска филхармонија и Младинскиот културен центар. Како и секоја година, на концертот со оркестарот на Македонската филхармонија ќе се подарат 20.000 книги и на огромни платна со димензии 12х3 метри, присутните ќе имаат можност да го проследат ликовниот меч на кој силите ќе ги одмерат етаблирани академски ликовни уметници. Годинава, со десетици литри боја, огромни четки, на огромните ликовни платна, еден спроти друг, ќе бидат ликовните уметници Менсур Бојда и Владимир Симеонов.

Концертот оваа година е симболично насловен „Со танц низ светот“, а со оркестарот на Македонската филхармонија ќе диригира гостинот од Бугарија, Мартин Пантелеев.

„Види музика, слушни слика, добиј книга“ е несекојдневен празник на културата и на уметноста, кој секоја година во Градски парк привлекува многубројни граѓани кои уживаат во музиката и во ликовните перформанси”, се наведуваа во соопштението на Македонска филхармонија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top