Македонскиот ракометен првак Металург блескаше на затворањето на натпреварите во групата Ц од Лигата на шампионите и со убедлив триумф од 32-18 со Силекброг го завери второто посакуваното место. Мечот пред преполни трибини во Борис Трајковски во Скопје имаше две различни полувремиња. Во првото послободно со многу голови (18-14), во второто (14-4) Металург покажа зошто ја има најдобрата одбрана во шампионската лига и најдобриот голман на светот, Дарко Станиќ кој имаше неколку бравурозни одбрани кои ги кренаа на нозе 7000 гледачи во нашата најголема арена.
Миладин Козлина го 7 гола и со само две промашувања беш најефикасен во мечот. Наумче Мојсовски и Вугринец дадоа по 6, колку што имаа и Топхансен и Киргехер кај данскиот прваак.
Со рекорд за наша ракометна екипа во ЛШ, Металург заврши со 14 бодови на второто место во третата конкуренција и во вторник ќе биде меѓу фаворизираните, со реванш меч дома, при жрепката за осминафиналето предвидено за 17/18 и 24/25 март. Опциите се знаеја и предходно: Атлетико Мадрид, Чеховски Медведи и Динамо Минск.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст