Српската амбасадорка Душанка Дивјак-Томиќ денеска на македонскиот претседател Ѓорге Иванов му додели благодарница за помошта што Република Македонија и ја даде на Србија која беше зафатена со поплави.
Благодарницата, како што рече, е мал симбол на големата благодарност за несебичната помош на Република
Македонија за Србија.
– Чувствувам должност во оваа пригода им оддадам признание на сите во Македонија кои им помогнаа на своите браќа во Србија, зацврстувајќи ги со тоа уште посилно нераскинливото традиционално пријателство меѓу нашите народи и држави – рече Дивјак-Томиќ на промоцијата на книгата „Камбана – Пупиновата дипломатија“.
– Ти благодарам Македонијо, Србија ова нема да го заборави – додаде Дивјак-Томиќ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Кабинет на Иванов: Претседателот ќе се обрати пред Парламентот!
-
Иванов: Албанскиот јазик е важен дел од македонското мултиетничко и мултијазично општество
-
Србија слави, Косово не е примено во Интерпол!
-
Потпретседателот на Парламентот на Србија, Ѓорѓе Миличевиќ во операциона сала, ова е смачканиот автомобил