| четврток, 6 декември 2018 |

Спијат како заклани – мистериозна болест ги мачи луѓето во Казахстан

Сѐ повеќе странски медиуми пишуваат за речиси бизарната и необјаснива појава која ги мачи луѓето кои живеат во едно село на границата на Казахстан со Русија. Луѓето едноставно паѓаат во длабок сон и се будат неколку дена подоцна.

Во денешно „хистерично“ време на многумина им се чини дека најдобро би било да останат во кревет со денови и да спијат. Но, на луѓето во селото Калачи во Казахстан тоа им се случува постојано. Одеднаш паѓаат во длабок сон и спијат по шест дена, без да се разбудат. А, по будењето не се сеќаваат на ништо.

Досега се појавиле неколку бранови од епидемијата, а со болеста спиење биле заразени околу 60 лица, кои откако ќе се разбудат, имаат привремено губење на помнењето.

Една од жртвите е и Марија Фелк од селото Калачи во Красногорск.

– Ги молзев кравите како и секое утро и само заспав. Не се сеќавам на ништо освен дека се разбудив во болница опкружена со лекари и со медицински сестри – рече Фелк.

Досега на подрачјето на Красногорск се направени повеќе од седум илјади тестирања на тлото и на водата за да се пронајде причината на оваа болест, но експертите и понатаму не можат да ги најдат причините.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top