| четврток, 6 декември 2018 |

Јапонска култура, навиваа за „самураите“ и потоа го исчистија сметот на трибини (фото)

Неверојатен гест што ја одразува традиционалната јапонска култура и традиција направија навивачите на „самураите“ по мечот со Брегот на Слонова Коска.

Симпатизерите на Јапонија громогласно ги бодреа своите миленици, на крајот немаа среќа да се радуваат по поразот од 1-2, но тоа не ги спречи да го исчистат ѓубрето на трибините. Неверојатна глетка на арената „Пернамбуко“ во Ресифе. Јапонци во акција на чистење смет на делот од трибините каде што беа сместени.

japonci

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top