| четврток, 6 декември 2018 |

„Сахара груп“ исплати 510 милиони евра на Регулаторното тело на Индија СЕБИ

Минатата среда, групацјата „Сахара“ ја исполни наредбата на Врховниот суд на Индија и исплати 3007 крори (510 милиони евра) на индискиот пазарен регулатор СЕБИ, со цел да се ослободи основачот на „Сахара“, Субрата Рој, како и уште двајца директори на групацијата.

Судот на 26 март побара од „Сахара“ да даде депозит од 5000 крори во кеш и уште 5000 крори преку банкарска гаранција за ослободување на Рој и на другите директори, кои беа во притвор од 4 март поради непослушност на пресудата од 31 август 2012 година, како и на пресудите кои следуваа потоа. На 4 јуни, судот ја потврди одлуката од 26 март, но и дозволи на „Сахара“ да оперира преку своите банкарски сметки и да продава акции, со цел да ги исполни условите за ослободување.

Менаџментот на „Сахара“ изјави дека никогаш не им била намерата да не ги исплатат парите според судската наредба, меѓутоа во тоа биле спречени поради тоа што банкарските сметки на групацијата беа замрзнати, а имотите запленети.

– Фактот што од ноември 2013 година до 4 јуни 2014 година сите банкарски сметки на групацијата, секој метар квадратен од недвижностите низ светот, како и целокупниот подвижен имот беа запленети и под целосно ембарго, беше причината што „Сахара“ не можеше да ја изврши уплатата. Групацијата не беше во можност да повлече никакви средства – изјави адвокатот на компанијата Кешав Мохан.

Од компанијата изјавија дека во изминатите месеци не биле во можност да ги исплатат своите вработени, како и да ги платат сите задолжителни месечни трошоци, токму поради фактот што сите сметки на „Сахара“ беа замрзнати.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top