| четврток, 6 декември 2018 |

Во тешка сообраќајка загина 25-годишен скопјанец

Вчера во 04:30 часот, на регионалиот пат Петровец- Скопје во с.Трубарево се случи сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „опел вектра“ управувано од П.Ј.(20) од Скопје и патничко возило „југо“ управувано од Горан Н.(25) од Скопје.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобиле Горан и неговата сопатничка. Тој со возило на итна медицинска помош бил пренесен во Градска општа болница, каде околу 06:40 часот им подлегнал на повредите.

Сопатничката И.В.(20) од Скопје е пренесена и задржана на лекување во Ургентен центар „Карил“-Скопје, а телесно поредени се и возачот на другото возило П.Ј. и неговиот сопатник Ѓ.К.(21) од Скопје, кои се задржани на лекување во Ургентниот центар Скопје.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top