| четврток, 6 декември 2018 |

Српските сточари истураат млеко по улиците

istureno mleko

Мирен протест на сточарите во Нови Сад, Ваљево и Крушевац, кој во знак на револт го истураа млекото низ улиците. Пред зградата на Владата на Војводина протестираа неколку стотини граѓани, кои истурија стотина литри млеко и го обвинија покраинскиот секретар за земјоделство Горан Јешиќ, како главен виновник за аферата со млекото. Произведувачите на протестот се пожалија дека продажбата на млеко се намалила за 90 проценти, по млечната афера.

Демонстрантите во Крушевац и Ваљево, денеска побараа помош од надлежните институции за да се надмине овој проблем. Во знак на револт беа истурени само 50 литри млеко, бидејќи сточарите од овој крај тврдат дека нивното млеко е здраво и дека со него ги хранат своите семејства.

По БиХ, Хрватска и Црна Гора, афлатоксин во млекото се појави и во Република Српска. Запрена е испораката на млеко од 16 фарми од оваа област.

Властите во Република Српска превземаат засилен надзор на фармите и млекарите. Тврдат дека млекото кое содржи афлатоксин, не влегло во состав на производство.

Сите овие земји испратиле примероци од спорното млеко во референтни лаборатории во Европската Унија на дополнителни анализи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top