| четврток, 6 декември 2018 |

Луѓето за 15 години ќе се вљубуваат во компјутерите

i_love_my_computer_by_patolarax-d36oc45

Флертување со компјутерите, па дури и вљубување во нив ќе биде можно за само 15 години, предвидуваат футуристите.

Светот опишан во филмот „Таа“ (Her), во кој човекот развива врска со интелигентниот компјутерски оперативен систем ни е поблизок отколку што мислиме, истакнува инженерот Реј Курцвајл од „Гугл“.

На прес-конференцијата во Њујорк минатата недела тој изјави дека технологијата ќе биде способна за емоционална интеракција.

– Предвидувам дека компјутерите ќе бидат на ниво на луѓето, па до 2029 година ќе биде можно да стапите во врска со нив. Кога зборувам „на човечко ниво“ мислам за емоционалната интелегенција, можноста да се пошегуваат, да бидат духовити, романтични, мили, сексапилни… – рече 66-годишниот иноватор и футурист.

Курцвај смета дека филмот „Таа“ е со многу реалистичен опис за тоа што може да стане реалност.

Инаку, тој претходно ја предупредуваше јавноста дека компјутерите до 2029 година ќе станат попаметни од луѓето.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top