| четврток, 6 декември 2018 |

И денеска краткотраен пороен дожд

dozd

Денеска ќе имаме постабилна атмосфера во однос на викендот. Сепак, според Метеопро, тоа нема да значи и комплетна стабилизација. Купесто-дождовните облаци ќе бидат поретки во однос на викендот, но повторно, локално, во текот на попладнето ќе има краткотраен пороен дожд и грмежи. Нешто помала веројатност за попладневни врнежи ќе има во југозападните и во централните краишта.

Максималната температура ќе има вредност околу 26°С низ населените места во западниот регион и до 27°С  во котлините во источниот крај. Долж Повардарието температурата на воздухот ќе биде во границите од 26°С до 29°С.

Вредноста на УВ индексот ќе биде 7.

Во Скопската Котлина ќе има умерена облачност и повремен релативно краткотраен дожд попладне проследен со грмежи. Минималната температура ќе се спушти до 13°С. Максималната вредност на температурата ќе достигне 26°С.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top