На подрачјето на Град Скопје во текот на изминатите три дена од страна на сообраќајната полиција е извршен увид на 31 сообраќајна незгода.
Во петокот, на 13 јуни, е извршен увид на вкупно 12 сообраќајни незгоди. Од нив пет се со последица материјална штета и седум со последица телесна повреда во кои со полесни повреди се здобиле тројца возачи на патнички моторни возила, еден пешак, тројца сопатници и двајца мотоциклисти.
Според евиденцијата на сообраќајната полиција, случена е уште една незгода со мала материјална штета во којашто е пополнет европскиот извештај за случена сообраќајна незгода.
Во саботата, на 14 јуни, е извршен увид на вкупно 11 сообраќајни незгоди. Од нив, пет се со последица материјална штета и пет со последица телесна повреда во кои со полесни повреди се здобиле еден возач на патничко моторно возило, двајца пешаци, еден сопатник и двајца возачи на мопед.
Случена е и една сообраќајна незгода со тешки телесни повреди, во која со тешки телесни повреди се здобило едно лице.
Во неделата, 15 јуни, е извршен увид на вкупно осум сообраќајни незгоди. Од нив, четири се со последица материјална штета и една со последица телесна повреда во која со полесни повреди се здобиле две лица.
Случена е и една сообраќајна незгода со тешки телесни повреди, во која со тешки телесни повреди се здобило едно лице, а со телесни повреди се здобиле три лица.
Исто така, случени се и две незгоди со загинати лица. Првата незгода се случила во 4 часот и 30 минути на регионалниот пат Скопје – Петровец, во населено место Трубарево. Во незгодата учествувало патничко моторно возило „опел вектра“ со велешки регистарски таблички, управувано од граѓанин на Скопје и патничко моторно возило „југо“ со скопски регистарски таблички управувано од граѓанин на Скопје. Како последица од незгодата, возачот на патничкото моторно возило „југо“ добил тешки телесни повреди, истиот е пренесен во Градската болница „Свети Наум Охридски“ каде што по извесно време им подлегнал на повредите. Исто така, во незгодата едно лице се здобило со тешки телесни повреди, а две лица се здобиле со телесни повреди.
Втората незгода се случила во 9 часот и 40 минути во село Глумово, во близина на гробиштата Горна Матка. Во незгодата учествувало товарно моторно возило „мерцедес“ со скопски регистарски таблички, управувано од граѓанин на Скопје. Истиот загубил контрола на возилото, се превртел и како последица од незгодата едно лице сопатник им подлегнало на повредите.
Во текот на викендот од страна на сообраќајната полиција се откриени и санкционирани возачи кои ги управувале своите возила под дејство на алкохол и истите се исклучени од сообраќај, 35 возачи коишто не го почитувале ограничувањето на брзината на движење, од нив 14 возачи се движеле со брзина поголема од 90 километри на час во населено место, четворица возачи кои не ги почитувале светлосно сообраќајните знаци на крстосниците и 61 возач кои ги управувале своите возила по истекот на сообраќајната дозвола или без возачка дозвола.
Исто така, преземени се мерки и по прекршоците коишто ги чинат возачите на велосипеди со помошен мотор, мопед и мотоциклист, при што се санкционирани 19 лица кои сториле прекршоци по разни основи. Од нив, 10 возачи не го носеле заштитниот шлем за време на управување на возилата.
Со помош на специјалното возило „пајак“ беа отстранети 83 возила кои го попречувале нормалното одвивање на сообраќајот.
За денеска нема најавено вонредни настани со што се очекува сообраќајот да се одвива тековно и според постојната сообраќајна регулатива.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.