Повеќе од 10.000 лица во Москва учествуваа во опозициската акција „Марш против подмолниците“ поради донесување на „законот Дима Јаковлев“ кој на американските државјани им се забранува да посвојат руски деца.
Спорниот закон кој ја вознемири руската јавност, стапи на сила на почетокот на годинава, а донесен е како одговор на американскиот “Акт Магнитски“. Со “Актот Магнитски“ на околу 60 руски државјани им е забанет влез во САД, затоа што, според тврдењето на Вашингтон, тие се виновни за смртта на авдокатаот Сергеј Магнитски, кој почина во рускиот затвор во 2009 година.
Учесниците во протестот извикуваа пароли против власта и бараат распушатање на Думата, која речиси едногласно го донесе законот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


