| четврток, 6 декември 2018 |

Еректилната дисфункција е сериозна

Erectile-Dysfunction-treatment-300x199Мажите сериозно да ја сфатат eректилната дисфункција за да избегнат други здраствени проблеми, препорачуваат експертите. Повеќе од 30 милиони Американци страдаат од еректилна дисфункција, а најчести причини за ова се рак на простата, дијабетис, пушење, висок крвен притисок и дебелината. Поради ова важно е проблемите со ерекција да не се занемаруваат поради чувство на срам бидејќи тие можат да укажуваат на многу посериозни проблеми.

Мажите својата машкост ја поврзуваат со сексуалната моќ и се што е поврзано со неа. Кога ќе се појават проблемите со ерекција се чувствуваат несигурно и не сакаат ништо да преземат. Не постои јавна кампања која би ги предупредила на тоа дека постои и можност за превенција, а со вежбање и правилна исхрана исто така се намалува ризикот за проблеми со еректилна дисфункција.

Mажите поради проблемите со ерекција често се одлучуваат на оперативни зафати при кои им се вградува протеза односно имплант во пенисот. Сепак превенцијата е најдобра за вашето здравје.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top