Делегацијата на македонската партија, Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ), предводена од претседателот Едмонд Темелко, се сретнаа со политичките советници на Високиот комесар на ОБСЕ за националните малцинства. Тема на средбата беа положбата и правата на Македонците во Албанија, при што беа посочени недостатокот на учебници на македонски јазик во општина Пустец каде официјално се признава македонското малцинство во Албанија. Исто така, претставниците на ОБСЕ беа запознаени за неможноста за изучување на македонскиот јазик на македонските деца надвор од Мала Преспа како на пример, во областите Гора и Голо Брдо и во градовите.
На средбата станало збор и за новата територијална поделба од која најмногу се загрижени Македонците во Албанија. Делегацијата на МАЕИ ги информираше политичките советници на ОБСЕ дека според сите пет варијанти за новата територијалната поделба единствено општина Пустец не се укинува додека македонските општини во Голо Брдо и Гора предвидено е да се припојат со општини со мнозинско албанско население што би значело еден процес на асимилација на македонската заедница.
Средбата и заклучоците се во пресрет на посетата на Астрид Торс, Висок комесар на ОБСЕ за националните малцинства на Албанија кон крајот од јуни.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Апелација му го врати пасошот на Едмонд Темелко
-
Опозицијата бара враќање на смртната казна во Албанија
-
Албанија од 1-ви јануари ги затвора спортските обложувалници
-
Албанија и Косово водат референдумска кампања за Македонија во своите земји: Партиите во Албанија повикуваат на максимален ангажман во Македонија


