| четврток, 6 декември 2018 |

Загина возач на камион кај Горна Матка

policija-2Страотна несреќа се случила утринава околу 9:40 часот, на патот за Горна Матка, објави Пресс24.

Несреќата се случила кога камион натоварен со дрва, управуван од С.А. изгубил контрола и се превртел. Во несреќата загинал сопатникот на С.А., 23 годишниот Бесим А. Возачот и другиот сопатник биле повредени и пренесени во болницата „8. Септември“.

Полицијата работи на расветлување на причините за несреќата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top