| четврток, 6 декември 2018 |

Во функција новите објекти на „Стив Наумов“

stiv-naumovДенеска ќе бидат пуштени во употреба на новите сместувачки капацитети во состав на студентскиот дом „Стив Наумов“. На местото на старите дотраени бараки беа планирани осум блокови, со сместувачки капацитет од 204 места. Објектите ќе бидат составени од трикреветни соби со тоалети, а за прв пат можност за престој ќе добијат и студентите со посебни потреби во еднокреветни соби.

20111206-studentski-dom-stiv-naumov-barakiИнвестирањето во реконструкција на постојните и во изградба на нови сместувачки капацитети во делот на студентското сместување се еден од приоритетите на Владата и Министерството за образование и наука, посочи пред изборите министерот за образование и наука Спиро Ристовски, кој тогаш нагласи дека реконструкциите и подобрувањето на условите во студентскиот дом „Гоце Делчев“ ќе продолжат по изборниот процес.

– Имаме готов проект за реконструкција и санација на студенстскиот дом „Гоце Делчев“ кој треба да се реализира во летниот период кога има најмала фреквенција  на студенти- рече Ристовски одговарајќи на прашање по посетата на учениците од паралелката за фудбал при Спортската академија.

Тогаш посочи дека новите објекти во студентскиот дом „Стив Наумов“ треба да започнат да функционираат во текот на летото, како и дека е подготвен посебен проект, односно идејно решение  за студентскиот дом „Невена Георгиева Дуња“ или попознат како Медицинар кој е планирано да се сруши.

– Ќе продолжиме со сериозни инвестиции, но истовремено би сакал и да укажам дека наидовме на лоша ситуација во студентските домови. Тоа е состојба која можеби 40 години не била санирaна и не била подобрена така што во континуитет ние мора тоа да го реализираме, нагласи Ристовски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top