| четврток, 6 декември 2018 |

Петр Нечас повторно ја негира корупцијата

petr-necasПолициската интервенција во зградата на чешката Влада и на други места, која минатата година доведе до пад на Кабинетот составен од министри на Граѓанската демократска партија, (ОДС), ТОП 09 и ЛИДЕМ не беше соодветна, тврди и по една година, тогашниот премиер Петр Нечас. Во соопштението кое го испрати Нечас, упати критики кон објавувањата на разговорите кои биле прислушувани, тврдејќи дека се вадени од контекст.

Против Нечас е поднесена кривична пријава за корупција. На тројца поранешни пратеници кои не сакале да гласаат за пакет владини закони за рестрикции на буџетските трошоци им обезбедил високи функции во државни фирми доколку дадат оставки. Подоцна, Владините закони поминаа во Парламентот. Покрај корупциската, беше обелоденета и афера за незаконско прислушување на неговата тогашна сопруга во што беше вмешана неговата најблиска соработничка Јана Нагиова, против која и е поднесено обвинение.

Нечас поднесе оставка откако беше обелоденета неговата љубовна врска со Нагиова, со која подоцна стапи во брак, а по оставката следеше оставка на целата Влада и распишување на вонредни парламентарни избори.

– Клеветењето на мојата личност и пред се на мојата тогашна соработничка и подоцна сопруга Јана, кое се прави цела година не одговара на доказната ситуација. Секој граѓанин има право на фер судење, каде допрва се разгледуваат понудените докази- пишува Нечас. Тој, тврди дека досега не се предложени јасни докази за сериозна криминална активност и дека не бил прекршен законот кога се следела неговата тогашна сопруга Радка. Според Нечас и наводната корупција не може да се докаже бидејќи немало договори со пратениците за напуштање на функциите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top