На подрачјето на град Куманово утре ќе се изврши авиозапрашување против комарци. Авионското прскање ќе се спроведе во раните утрински часови.
– Ако временските услови не го дозволуваат прскањето, авионската дезинсекција ќе се изврши првиот нареден ден, кога временските услови ќе бидат поволни. Се известуваат пчеларите навремено да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите, соопшти општина Куманово.
Во Куманово авионското прскање ќе се спроведе два пати и за него општината одвоила милион и сто и петанесет илјади денари.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.