Американска помош за Ирак би имала успех само ако ирачките лидери ги надминат несогласувањата, изјави американскиот државен секретар Џон Кери во разговор со ирачкиот колега Хошијар Зебари.
– Кери нагласи дека помош од САД би дала резултат само ако ирачките раководители сакаат да ги надминат несогласувањата и да направат координиран и ефективен чекор за изградба на национално единство, неопходно за напредок на државата и за справување со заканата од Исламска држава во Ирак и Левант, се вели во коминике на Стејт департментот.
Кери повикал Ирак брзо да ги потврди резултатите од априлските парламентарни избори и да формира нова влада.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.