| четврток, 6 декември 2018 |

„Мавровски велосипедски маратон“ околу Мавровско езеро

evropski den bez avtomobili so velosipedi tocaci (21) (Custom)Маратонска, полумаратонска трка и рекреативно возење околу Мавровското езеро ќе се одржат денеска во рамки на традиционалниот „Мавровски велосипедски маратон“. Ќе се вози на релација Маврово-Леуново-Сандакташ-Чавкарник-Лазарополе-Тресонче-Селце-Маврово, во вкупна должина од 90 км за маратонците и 42 километри за полумаратонците.

Натпреварувањето ќе биде спроведено согласно правилникот на Велосипедската Федерација на Македонија.

Истовремено денеска за сите љубители на велосипедизмот и на природните убавини на нашата земја ќе се одржи и рекреативното возење околу Мавровското Езеро.

Организатори на манифестацијата се велосипедскиот Клуб Енерџи – Скопје, националниот Парк Маврово и Општина Маврово – Ростуше, а подржано од автомобилскиот бренд Шкода. 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top