| четврток, 6 декември 2018 |

Словенците ги однесоа наградите и шарпанинецот од Шара купот

Миха Кирнер допатува на Попова Шапка со најдобро постигнување и низ двата натпревари го оправда статусот фаворит

Денешната слаломска победа на патеката Езерино му овозможи на Миха Кирнер да дојде до севкупен триумф на 40. Шарпланински скијачки куп. Најдоброрангираниот според светскиот алпски ранкинг, Кирнер (8 ФИС точки) во втората трка на Попова Шапка овој викенд беше прв и создаде поголема разлика во однос на колегата Матиц Скубе (10 ФИС точки) кој денеска беше втор, а вчера во велеслаломот прв. Со двете трети места Никола Чонгаров од Бугарија во генералниот пласман заврши зад словенечкиот двоец.

За победата на 40. Шарпланински скијачки куп Кирнер заработи 3000 евра и мало шарпланинче.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top