Јужните држави во Европската унија се оставени од останатиот дел од блокот сами да се справуваат со се поголемиот број имигранти кои користат бродови за да го преминат Средоземното Море и да побараат азил, изјави Џоузеф Мускат, премиер на Малта во интервју за ДПА.
Тој додаде дека кризата е потенцијална бомба.
– Минатата година пристигнуваа по два-три чамци на ден, а сега на моменти пристигнуваат и над 20 дневно со околу 400 луѓе. Тоа создава непосреден хуманитарен и логистички проблем, изјави тој.
– ЕУ треба да знае каква човечка драма се одвива во Средоземното Море, смета Мускат.
Социјалистичкиот лидер нагласи дека северноевропските држави сметаат оти тоа што се случува во Средоземното Море и Блискиот исток не е нивни проблем. Мускат повика на средбата на врвот во Брисел на 25 и 27 јуни средоземноморските држави да упатат нов повик за нови и јасни европски принципи по однос на имиграцијата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.