Екипите на „Македонија пат“ сеуште работат на расчистување на камењата кои утрово околу 8.30 паднала на патниот правец Дебар – Маврови Анови во месноста наречена „Сенечки продавници“. Лавината сеуште не е целосо расчистена а сообраќајот се одвива отежнато.
За среќа одронот кој се урнал врз автомобил „ланчија“ не предивикал човечки жртви откако возачот се спасил од речиси уништеното возило информираат од тетовската полиција.
Лани од одрон на камења загина дебарчанец додека со патничко возило се движел во близина на денечниот инцидент по долината на Радика.
Полицијата апелира возачите кои се движат во овој регион да внимаваат затоа што во текто на зимата оваа појава е честа во овој дел од земјава.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.