| четврток, 6 декември 2018 |

Шпанец освои 137 милиони евра на лотарија

По тешкиот пораз на шпанската фудбалска репрезентација на Мундијалот од Холандија, во петокот добитникот на главната премија на лотаријата Euro Millions беше веројатно еден од ретките Шпанци кои славеа изминатата ноќ, бидејќи освои 137.313.501 евро. Неименуваниот добитник на „баксузниот петок 13-ти” беше единствениот меѓу десетоците милиони европски учесници во играта кој ја одрал добитната комбинација од седум бројки (16, 18, 22, 28, 46 и дополнителните 9 и 11), освојувајќи ја сумата којашто воедно е најголемата добивка во Шпанија на европската лотарија.

Рекордот во играа EuroMillions го држат од 10-ти август 2012 година британски сопружници кои освоија 190 милиони евра.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top