Многумина од нас веќе илјада пати рекоа дека дојде време да го избришат својот профил од „Facebook“, а причините се нaјчесто заситеност или неописливо губење на време, па зборовите ретко се трансформираат на дело.
Меѓутоа, режисерот, актерот, комичарот и музичар Матијас, го има снимено ова видео со цел да укаже на проблемите кои ги загрижуваат поголемиот број на корисници на оваа друштвена мрежа – целосната загуба на приватноста.
Имено, „Facebook“ од неодамна може да се поврзе со микрофонот на вашиот смартфон и да ве прислушкува, а на неодредено време ги складира сите ваши електронски пораки, текстуалните пораки и пребарувања.
Поради тоа, погледнете го ова видео и одлучете дали дојде време да го исклучите вашиот профил!
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.