Луѓето им се обраќаат на астролози и нумеролози во обид да ги намалат килограмите. Подолу прочитајте што велат астролозите, која диета му одговара на вашиот хороскопски знак.
Овен
За нив е важна комбинацијата од здрав пост и нискокалорични оброци. Воведете овошни денови во кои ќе изедете 1.5 кг овошје и ќе испиете 2 л вода. За појадок, добро е да консумирате две јаболка, а за ручек ориз и салати од краставица. Мошне важно е да пиете течности: вода, зеленчукови супи, сокови од зеленчук или овошје, а може и микс.
Бик
За биковите е важно да консумираат доволно овошје затоа што им треба шеќер. Приготвувајте богати салати од сезонски зеленчук, а еднаш дневно можете да консумирате и свинско месо приготвено на скара.
Близнаци
Нивната диета мора да биде практична и разновидна. Се препорачуваат млечни производи (јогурт, сирење). Тестенините треба да се избегнуваат. Важно е да пиете многу течности.
Рак
На раковите им се препорачуваат седум оборци дневно. За време на меѓуоброците можете да консумирате салати од зеленчук, маслиново масло и оцет. Покрај тоа, салатите може да бидат зачинети со сенф, лук и мед.
Лав
За нив е важно оброците секогаш да ги консумираат во исто време. На тој начин ќе има рамнотежа на размената на материи и тоа ќе влијае на намалување на телесната тежина. Сепак, лавовите не треба да се откажуваат од храна која носи енергија. Може од време на време да каснат шницла или тестенини.
Девица
Родените во овој знак треба да јадат неколку пати дневно по малку. Не заборавајте на нискокалоричен овошен јогурт, немасен јогурт и маслинки. За вечера салата од домати.
Вага
На вагите им требаат полно мали оброци за да се чувствуваат задоволно. Храната треба да биде зачинета, понекогаш и со егзотичен вкус. Пробајте нешто ново, со што и слабеењето ќе ви стане интересно, како суши, тофу сирење со соја сос, мед и зачини.
Скорпија
Родените во овој знак треба да пијат што е можно повеќе течности. Вода, чаеви, сокови. Пет мали оброци на ден ќе ја задоволат вашата потреба. Наместо десерти, напијте се коктел од банани. Измиксајте 150 мл млеко со ниска масленост и една банана. Пијте чаеви за слабеење.
Стрелец
Диеталното мени треба да создржи енергетски богати продукти. Рецептите треба да бидат едноставни. На стрелците особено им е битен појадокот: мусли, два крекери со мармалад или една кришка интегрален леб со јајце.
Јарец
Јарците се скептични кога станува збор за диети. Тие успеваат да ја намалат тежината со мали оброци. За нив ужините се мошне важни. Предлози за ужина: интегрален леб со сирење, домати и босилек или јогурт со сусам.
Водолија
Многу помали оброци одговара на енергичната природа на водолиите. Предлог за меѓуоброк: измешајте 100 гр јагоди, 100 гр нискокалорично сирење, 2 големи лажици сок од портокал и една голема лажица мед.
Риби
Исхрана со многу течности е одлична за рибите. Тие треба да пијат и до 3 литри на ден. Уживајте во чаеви, вода или лимонада. Кога ќе почувствувате глад, јадете интегрални грицкалки или кекс од овесни снегулки. За вечера доволна ви е супа од домати. Пет оброци на ден ви се сосема доволни.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.