-Еден од најомилените напади им е дека немало демократија и дека сме живееле во диктатура. Во таа диктатура замислете, лидерот на опозицiјата имал 6-7 милиони евра капитал и тоа го смета за средна класа и велат вози приватно Ауди кое чини веројатно над 100 евра и плус јавно тврди на телевизија дека накјголемиот дел од богатството го стекнал за време на владеењето на ВМРО, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски на 23-тата годишна конференција на УМС на ВМРО-ДПМНЕ.
-Во “диктатурата“, Шекеринска има стан од 200 квадрати, викендици, скапи коли. Дури и за станот во кој самата живее, некој и плаќа кирија од над 5.000 евра месечно, а сега од Парламентот кој не го признава нели како диктаторски, си побара уште една илјадарка секој месец. Замислете да немаше диктатура, замислете. Замислете што ли ќе возеше Заев да немаше диктатура, вселенски брод, директно од Струмица, на Месечината. Па тек Рада кога ќе го земеше авионот, од држава во држава, Европа да ја среди, батали ти Македонија, од еден на друг тениски турнир, демократски, а не вака диктатура. Во што ли ќе живееше Шекеринска да не беше диктатурата и колку ли кирија ќе добиваше за станот во кој живее. Не би го издала она под 10 илјадарки, да не беше оваа диктатура, нели?, рече Груевски.
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ испрати порака до опозицијата да се фати за работа и да не се знаимава со вештачки измислени теми.
-Каква диктатура, какви бакрачи, фатете се за работа, тоа е мојата порака до нив. Фатете се за работа, не се занимавајте со вештачки измислени теми. Направете понуда, направете програма, дајте некои нови луѓе, реформирајте се, борете се со реални и со остварливи идеи за подбар живот на анродот, а не солаги, со интриги или со манипулаци.
Дајте да се натпреваруваме со проекти, рече Груевски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Судот одреди 30 дена притвор за Груевски и во случајот ,,Титаник‘
-
Унгарската влада за „Макфакс“: Му дозволивме на Груевски да побара азил од безбедносни причини бидејќи беше премиер
-
На комисија изгласано одземање на мандатот на Груевски, конечната одлука на пленарна седница
-
Заев: Размислуваме за законска измена за справување со кучињата