Неименуван Канаѓанец ја обвини болницата во Монтреал дека му го уништила бракот и сексуалниот живот со неуспешната хируршка интервенција со која како што тврди му е скратен пенисот за 2,5 сантиметри.
Мажот објаснил дека го повредил пенисот во текот на еден сексуален однос со сопругата во 2011 година, по што бил хоспитализиран со дијагноза „помала траума“ и не бил опериран.
Бидејќи следните недели не успевал да има секс се обратил на лекарот кој му дијагностицирал прелом на пенисот. Хируршката интервенција која потоа следувала му го смалила пенисот за 2,5 сантиметри, тврди пациентот.
Операцијата вели му наштетила на неговиот сексуален живот бидејќи две години неможел да има сексулани односи со сопругата и таа се развела од него.
Оставениот сопруга од болницата бара оштета од 105.000 евра, поради немарност.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.