Синоќа во ноќниот клуб ,,Селект”, Даниел Кајмакоски со своите другари ,,лудуваа” до раните утрински часови. Повод за оваа дружење, како што дознавата „Струмица денес“, е ергенската вечер на еден од другарите на Даниел. На изненадување на струмичани Кајмаковски со другарите се појави нешто после полноќ.
Дани, која настапуваше во „Селект“, го повика Кајмаковски на сцената каде заедно ја пееja песната ,,Red”. Струмичката публика со големи овации го проследија неговиот настан, а по настапот Даниел беше трпелив да се фотографија со сите кои му пристапија.
Фото: Струмица денес
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.