| четврток, 6 декември 2018 |

За луд секс барајте адвокат или камионџија

Според анкетата која е спроведена од страна на австралиската веб-страна за спојување, redhotpie.com., сексот со возач на камион или автобус, би бил многу подобар и повозбудлив од сексот со компјутерџија, работник во телекомуникации или сметководител. Во истражувањето биле вклучени 17.000 испитаници.

Имено, професијата со која се занимава со мажот има големо влијание врз неговите сексуални апетити и навики, како и врз неговото сексуално задоволство.

Резултатите од анкетата велат дека дури 54,5 проценти од адвокатите се задоволни со својот сексуален живот, а следни на листата се возачите на камиони и автобуси и продавачите на недвижности. Покрај тоа, мажите од овие професии, во просек, имаат најголем број на сексуални партнери.

Возачите на камиони, најмногу се возбудуваат на „валкани“ шепотења за време на чинот, а адвокатите се најсклони кон експериментирање.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top