| четврток, 6 декември 2018 |

Пералта не знае да утне, Мексико го победи Камерун со 1-0

Орибе Пералта е херојот на Мексико, а репрезентацијата што едвај се протна на Светското првенство во Бразил во вториот меч од А групата го победи Камерун со 1-0.

Пералта беше прецизен во 61. минута и со деветтиот гол во последните 7 натпревари за Мексико донесе значајна победа.

И повторно како и на премиерниот дуел на мундијалот меѓу Бразил и Хрватска судиите беа лоши. Колумбиецот Ролдан поништи три гола на мечот, а последниот што го посигна Дос Сантош во 30. минута за Мексико беше регуларен. По првата рунда во А групата Бразил и Мексико имаат по три бода, а Хрватска и Камерун се бе з бодови.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top