Иако жените уживаат во бакнежите на партнерот, неговите допири и нежности, предиграта не е клуч за сексуалното задоволство. Проверете ги четирите заблуди што се вртат околу неа.
1. Една ерогена зона е доволна за да се возбудите
Убавината е во истражувањето! Машкото и женското тело се преполни со ерогени зони, а надразнувањето само една може да предизвика спротивен ефект. Предиграта мора да биде разновидна бидејќи во спротивно брзо ќе здодее.
2. На жените им е потребна долга предигра
Ова тврдење не е вистинито, на жената ѝ е важен начинот на кој партнерот го допира и го бакнува нејзиното тело, а не колку долго го прави тоа. Исто така и фазата на менструалниот циклус влијае на тоа колку е жената расположена за секс.
3. Она што го возбудува партнерот потребно е да се повторува
Не, бидејќи постојаното повторување на истите работи ќе го одбие партнерот. Разговарајте за фантазиите, местата што сакате да ги допирате и ќе откриете многу тајни што ќе ве одведат на нови секси-патувања.
4. Предиграта им е потребна само на жените
Во многу случаи така изгледа, но дефинитивно не е вистина. Таа им е подеднакво важна и на мажите и на жените, особено на оние што се на повозрасни години.
Извор: savremena.me
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.