Американските таблоиди со недели шпекулираат за причината за разводот помеѓу актерката Џулија Робертс (46) и нејзиниот сопруг Дени Модер (45).
Блиски извори на двојката наведуваат дека една од причините за нивната разделба е љубомората. Како што пренесуваат американските портали , сопругот на Џулија бил многу љубоморен на некои од нејзините колеги, особенo на 46-годишниот Марк Рафало со кој Џулија глуми во тв-драмата „Normal heart“.
Наводно Џулија премногу флертувала со својот колега, со има и неколку интимни сцени.
– Во реалноста се многу случни, двајцата се либерални и друшвено-одговорни – наведува изворот.
Иако Рафало е оженет и има три деца, тоа не му влева доверба на сопругот на актерката, кој е убеден дека помеѓу нив двајца има нешто подлабоко. А меѓу другото Дени бил оженет кога ја запознал Џулија.
– Кога Џулија ќе посака некој маж таа ќе најде начин да го освои. Во тие ситуации таа едноставно не допушта нешто да и стои на патот – додал изворот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст