| четврток, 6 декември 2018 |

Канибал објавувал на „Фејсбук“ што им прави на жртвите пред да ги изеде!

Пред да ја убие, распарчи и изеде жената, канибалот од Тенеси на „Фејсбук“ дал опис на тоа што би можело да се случи. Грегори Скот Хејл признал дека во куќата на своите родители убил и изел 36-годишна жена, која ја запознал еден ден претходно, пишува „Мирор“.
На неговиот профил на „Фејсбук“ има фотографии од оружје и описи од крвави чинови. Неодамна објавил серија фотографии на кои држи разни видови ножеви, а на некои од фотографиите има и маска преку лицето.

– Ги прегрнувам луѓето кои ги мразам за да знам колкава дупка треба да ископам во дворот – напишал крај фотографијата.
Пред два месеца тој објавил уште еден застрашувачки статус. „Имаат ли вегетаријанците вкус како тоа лажно месо од соја – се запрашал.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top