| четврток, 6 декември 2018 |

Хилари Клинтон пцуе како маж: “Тргни се од мене, е*ено направи што ти велам!”

Поранешниот агент во Американското истражно биро, Гери Олдриџ, во својата книга „Неограничен пристап“ навел дека Хилари Клинтон, во тоа време прва дама, во една пригода го пцуела агентот на службата за безбедност, Ден Емет: „Тргни се од мене! Е*ено направи што ти велам!“

Ден Емет, инаку познат американски агент кој го чувал семејството Клинтон, но и семејството Буш, одбил да го пренесе багажот на Хилари Клинтон бидејќи тоа не е негова работа поради што таа збеснала и викала.

garry-aldridge-02

Олдриџ се смета за кредибилен писател и добар познавач на Белата куќа, а делови од неговата книга објавил и британски „Дејли мејл“.

Тој во својата книга, исто така, наведува дека, за разлика од Хилари, која имала студен однос со агентите, нејзиниот сопруг Бил, кон сите бил пријателски настроен и најчесто многу љубезен.

– Хилари се однесувала кон агентите како со домашна послуга – вели Олдриџ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top