| четврток, 6 декември 2018 |

Ози Озборн: Не ми е јасно како сѐ уште сум жив

Ozzy-Osbourne3

Пејачот на легендарната хеви-метал група „Блек сабат“, Ози Озборн, кој е познат и како „принц на темнината“, во интервју за лондонски „Дејли мејл“ вели дека бил лош татко и груб сопруг и дека не му е јасно како сѐ уште е жив имајќи го предвид начинот на кој живеел.

Шеесет и петгодишна хеви-метал икона во животот минала низ сѐ и сешто – од алкохол, дрога, несреќи со моторни возила, обид за самоубиство и убиство, па до притворувања и загрозување туѓ живот.

– Тоа е лудо. Требаше да бидам мртов. Не знам зошто не сум. Големиот број луѓе правеле исти глупости и сега се мртви. Паѓав од скали, преку балкон… Еднаш скокнав од хотелски прозорец мислејќи дека сум на приземје, а бев на вториот кат. Завршив во грмушка со рози. Немав ниту една гребнатинка. Не мислев дека ќе доживеам 40, а не па 60 години. Не постои причина на Земјата поради која би требало сѐ уште да бидам жив. Но, сум. Мора некој да ме чува – вели Озборн.

Ози во 2010 година извршил проверка на гените затоа што сакал да дознае зошто сѐ уште не е мртво и дали има „специјална ДНК“.

– Излегоа со цел куп хартија… Не разбирав половина од тоа, но никаде не пишуваше мртов – изјави Ози за „Дејли мејл“.

Моментно Ози се подготвува за настапот на „Блек сабат“ во „Хајд парк“ на 4 јули, по нивниот успешен повратнички албум „13“ кој котира високо на музичките топ-лист низ светот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top