| четврток, 6 декември 2018 |

Рецесијата предизвика повеќе од 10.000 самоубиства во ЕУ, САД и во Канада

Економската криза што ги погоди земјите на ЕУ и на Северна Америка предизвика повеќе од десет илјади самоубиства, покажуваат податоците од британско истражување.

Prevencija-samoubistva

Во истражувањето во кое учествувале Универзитетот „Оксфорд“ и Лондонската школа за здравствена хигиена и тропска медицина, испитувајќи ги состојбите во ЕУ, САД и во Канада, открива забележителен скок на бројот на самоубиствата.

Според сознанијата од истражувањето, објавени во специјализираното британско списание „Журнал на психијатријата“ до 2007 година, или до времето пред избувнувањето на кризата, во ЕУ е регистриран пад на бројот на случаи во кои луѓето самите си го одзеле животот. Но, веќе од 2009 година, правата во периодот на рецесијата, забележан е раст на самоубиствата од 7.950 случаи повеќе отколку што се очекувале, врз основа на ритамот регистриран во претходните години.

Слична слика има и во Канада, како и во САД, каде што нивото на самоубиства беше повисоко и пред кризата, но во годините на рецесијата се забалежува силно забрзување.

Истражувачите се занимавале и со земјите во кои ваквата појава не е регистрирана, како што се Шведска, Финска и Австрија, каде што нема раст на самоубиствата и во годините на криза, пад на економскиот раст и зголемување на невработеноста.

Професорот од Оксфорд, Арон Ривс, кој учествуваше во истражувањето смета дека клучното прашање за политиката и политичарите, како и за психијатрите, е дали самоубиствата се неизбежна појава во услови на криза, како што обично се мисли.

– Австрија, Шведска и Финска ја немаат истата ситуација со самоубиствата како другите во ЕУ, што може да се објасни само со тоа дека во тие три земји постојат шеми и програми за помагање на луѓето за да се вратат на работа, што значи дека тие не се оставени да се чувствуваат очајно и безнадежно во условите на економска криза – смета професорот од Оксфорд, Арон Ривс.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top